Availability: На залиха

Пакетот

5

420,00 ден

Младата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска соба. Таа е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија.

Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето.

Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно.

„Германскиот мајстор за трилери со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ“.

button-new

Опис

Проверете подоцна.

5 прегледи за Пакетот

  1. Александар Николовски

    Книгава воопшто не е лоша, иако приказната и разработката во глобала е далеку од wow. Крајот екстра! Оценка 3,9/5. 🙂

  2. Стефани

    Добар трилер,одлично скроена приказна од страна на Фицек,но овој пат очекував повеќе од него.🙂 Некако како да ми фалеше нешто во целава приказна,можеби е до мене дека само трилери читам.🤷🏻‍♀️ Сепак ја препорачувам,Фицек е мајстор за испреплетеност❣

  3. tanjastojanova.1985

    Немам зборови, прекрасно дело што се чита во еден здив

  4. Sanja (потврден сопственик)

    Маестрално, не ни очекував помалку од Фицек. Топло препорачувам

  5. Слаѓан

    Книгава буквално е mind-blowing – од прва до последна страницa те држи во неизвесност и висока тензија. Вознемирувачката, психолошка приказна на Ема едноставно не те остава да дишеш, цврсто те фаќа за грло и единствено можеш само да го забрзаш дишењето! Многу пресврти и крај што навистина не го предвидов, Фицек е мајстор за напнати, мистериозни трилери, дефинитивно ја препорачувам книгава 😀

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *