Availability: Нема на залиха

Опасен онлајн разговор

5

380,00 ден

Живееме во информатичко општество каде интернетот е неопходен дел од животот на луѓето. Но како што се користи за добри цели, тој така и се злоупотребува од страна на одредени индивидуи. Оваа книга е реалистичен и моќен поглед во животот на тинејџерите и онлајн искушението за запознавање нови луѓе.

Еден ваков аларм кој го нуди оваа книга е потребен и дури неопходен во ова време во кое живееме кога сајтовите за социјално вмрежување се преполни со секаков вид на луѓе од најрана до најстара возраст, каде профили имаат деца кои сè уште не тргнале на училиште, а тинејџерите, заборавајќи го нормалното општење со своите пријатели, ги окупираат своите лаптопи и телефони и „висат“ на интернет од утро до вечер.

Аби и Лук разговараат онлајн. Тие никогаш не се сретнале лично. Но ќе се сретнат. Наскоро.

Аби тргнува во средно училиште, треба да е возбудена, но не е. Напротив, таа е исплашена затоа што никогаш не била меѓу популарните деца. Таа е убава и паметна, но воопшто не верува во себе. Сите ѝ велат да се потруди околу својот изглед, но таа се прашува зошто не ја оставаат да биде своја, зошто ја тераат да се преправа дека е нешто што не е? Аби се чувствува како претходно среќниот живот да ѝ се лизга низ прсти. Единствената работа во која ужива се разговорите со Лук, момче кое го запознава на интернет, единствениот кој ја разбира. Онлајн разговорите со Лук делуваат некако опасно, но сепак добро – тој е нејзината тајна, а таа неговата. Тогаш Лук ја замолува да се сретнат и таа прифаќа. Но Лук не е оној кој Аби мисли дека е.

button-new

Нема на залиха

Опис

5 прегледи за Опасен онлајн разговор

  1. Денис

    Секој тинејџер треба да ја прочита оваа поучна книга

  2. Стефани (потврден сопственик)

    Многу поучна приказна те освестува што всушност се случува во реалоста.
    Според мене и тинејџерите и родителите треба да ја прочитаат.🙂

  3. Ана

    Книга што секој тинејџер треба да ја прочита

  4. Мила

    Книга што треба секој да ја прочита особено помладите, па и нивните родители. Отрезнувачка приказна за тоа што се случува кога младите се опуштаат на интернет со непознати луѓе и за последиците од тоа.

  5. Александар Николовски

    Воопшто не е лоша книгава, 3.75/5 за мој вкус… секој треба да ја прочита…

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *