Availability: Нема на залиха

На пат кон дома

4
Купи и заработи : 5поени

420,00 ден

Оној кој го знае часот на својата смрт веќе почнал да умира малку по малку…

Сабота е, нешто малку по 22:00 часот. Јулс Танберг е на смена како волонтер во телефонската служба за жени кои бараат смирувачки глас на другиот крај на линијата за да ги придружува додека се враќаат накај дома доцна навечер или каде што се јавуваат во итни случаи. Но досега, ниеден од тие случаи не бил ништо којзнае колку сериозно. Дефинитивно ништо опасно по живот. Сѐ до денес. Сѐ до разговорот на Јулс со Клара.

Младата жена е преплашена. Таа е убедена дека ја следи маж кој веќе ја има нападнато еднаш претходно. Маж кој напишал еден датум на ѕидот во нејзината спална соба, и тоа го напишал со крв. Датумот кога Клара ќе умре. А тој ден доаѓа за помалку од два часа…

Мистериозен, опсесивен, вознемирувачки… ова дефинитивно е најстрашниот психолошки трилер на Фицек досега!

Нема на залиха

4 прегледи за На пат кон дома

  1. Александар Николовски

    Фицек уште еднаш блеска со својата испревртеност на крајот, препорака и за оваа негова книга.

  2. Слаѓан

    Одличен психо-трилер со неверојатни пресврти и тензични моменти, не се остава
    од раце! Вознемирувачка, брутална и мрачна книга која изобилува со детали и описи;
    Фицек е мајстор за трилери кои продираат длабоко до човечката психа.

  3. Мона

    Книгата е врв. Психолошки мрачен трилер би рекла. Нема шанси да ја оставите се додека не ја прочитате целата. ☺️Во секој момент нешто ново, а што е најдобро Фицек никогаш не се повторува, ниту пак може да се претпостави што би се случувало во книгата. Тоа е она што го сакам. Најдобар, без конкуренција!
    Очекувам нови преводи од овој автор. 😊

  4. Nadja

    Фицек како Фицек, повторно изненадува! Кога ја почнав книгава, едноставно не можев да се натерам себеси да престанам со читање. Не те остава, исполнета со шокантни настани, пресврти на секоја страница, и секако, феноменалниот и незамнлив стил на Фицек. Чиста 10ка за уште едно негово ремек дело од психотрилер. 🔥❤️

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *