Availability: Нема на залиха

КВИЗ ПАРОВИ

420,00 ден

Квизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак – женка, занимање – алат, мајка – младенче, животно – храна, еднаква бројност …). Решенијата се единствени за дадените слики.

Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.

Нема на залиха

Критики

Сѐ уште нема препораки - бидете први што ќе споделат мислење.

Бидете први кои ќе разгледате “КВИЗ ПАРОВИ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *