Availability: Нема на залиха

Кралство од соништата

10
Купи и заработи : 5поени

400,00 ден

ТОЈ Е МОЌЕН, АРОГАНТЕН И СТРАШЕН. ТОЈ Е НЕЈЗИНИОТ НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ…
Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.

ТАА Е ГОРДА, БЕЗОБРАЗНА И НЕПОКОРНА. ТАА НЕ СЕ ПРЕДАВА…
Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.

ДВАЈЦАТА СЕ ЗАПЛЕТКУВААТ ВО ОПАСНАТА МРЕЖА НА ЛОЈАЛНОСТА И СТРАСТА…
Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго.

button-new

Нема на залиха

Опис

ТОЈ Е МОЌЕН, АРОГАНТЕН И СТРАШЕН. ТОЈ Е НЕЈЗИНИОТ НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ…
Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.

ТАА Е ГОРДА, БЕЗОБРАЗНА И НЕПОКОРНА. ТАА НЕ СЕ ПРЕДАВА ЛЕСНО…

Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.

ДВАЈЦАТА СЕ ЗАПЛЕТКУВААТ ВО ОПАСНАТА МРЕЖА НА ЛОЈАЛНОСТА И СТРАСТА…
Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго.

10 прегледи за Кралство од соништата

  1. Симона

    Prekrasna kniga,preporacuvam

  2. Beti

    Mnogu interesen istoriski roman mnogu mi se dopadna i na site moi pobliski im ja dadov da ja citat knigata od mene cista desetka i odvaj cekam da se prevedat ostanatite tri dela..

  3. Nadja

    Оваа книга ја прочитав пред извесно време и сѐ уште ми стои грутка во грлото. Книга која тоолку ме разнежни и потресе емоционално, просто не се заборава. Не памтам да имам прочитано слична историска романса, бидејќи веројатно и нема. Од дејсвието, до ликовите, приказната и стилот на пишување, сѐ е маестрално скоцкано. Никако не ја испуштајте, доколку ја немате прочитано. ❤️

  4. Изабела

    Одлична несекојдневна романса, која ќе ве насмее и воодушеви. Интересни карактери, многу пресврти и одлични описи од минатото.❤

  5. Meri

    Една од најдобрите романси што ги имам прочитано.
    Прекрасна приказна, проткаена со доза на хумор, со силни главни ликови, се на се чиста 10ка 😍
    Се надевам на нова книга од истата писателка во брзо време 🙂

  6. Стефани

    Многу убава книга,прв пат да ми се допадне толку многу некоја романса дека јас обично трилери сакам.😊 Ептен ја препорачувам,секој треба да ја прочита!😍

  7. Наталија

    Мојата омилена романса, ја препорачувам на кого стигнам.

  8. simonida234

    Многу, многу убава книга! <3 Ја препорачувам од срце.

  9. Александар Николовски

    Па не можам да кажам дека беше најодлична, но многу ми се допадна…

  10. Слаѓан Бишковски

    Многу е интересна книгава, супер приказна, убаво изнијансирани карактери, вреди да се прочита 🙂

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *