Availability: На залиха

Другите во мене

Купи и заработи : 5поени

350,00 ден

Камелија е девојка која одлуките кои ги носи како помлада ја кршат на емотивно поле кое се труди да го надвладее. Барајќи се себеси налетува на оженет човек со кој и двајцата заглавуваат во еден магичен круг.
Манипулирањето на тој човек ќе ја однесе на раскрсница каде мора да одлучи кој е вистинскиот пат за неа:
* водена од срцето, кое сака само љубов, се создава ликот на КАМИ, која свесно жонглира низ животот помеѓу сопругот и љубовникот. Но, во чии прегратки ќе е посигурна?
* додека АМЕЛИЈА водена од душата во потрага по мирот, повредена, исплашена не застана. Прифати да биде марионета во социјалата, ја прегрна тагата, пронајде пукнатина во срцето за да ја вметне љубовта на Валентин.
* ЕЛИ, барајќи си ја сопствената среќа со преголема желба за успех, целосно ѝ го сврте грбот на љубовта. Криејќи го себично своето срце, исплашена од невозвратена љубов, се затвори и се посвети на работата.

ДРУГИТЕ ВО МЕНЕ е роман во кој на главната хероина ќе и помогнеме да го избере вистинскиот пат.

Соочувањето со одлуките на КАМЕЛИЈА ќе ви помогне да одберете која е вистинската патека и за Вас. Така полесно да разбереме што нѐ води низ животот.

СРЦЕТО, ДУШАТА или РАЗУМОТ.

2 на залиха

Категорија

Критики

Сѐ уште нема препораки - бидете први што ќе споделат мислење.

Бидете први кои ќе разгледате “Другите во мене”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *