Availability: На залиха

Длабоко во темнината

2
Купи и заработи : 5поени

490,00 ден

Изолирана планинска куќа. Совршено место за да побегнеш од сѐ и да одмориш малку. Толку изолирано место што никој никогаш нема да те најде.

Ветувањето за луксузен одмор во спа центар во дива природа спојува осум среќни гости на едно место. Но ништо не е онака како што очекувале. Кога опасна бура им оневозможува секаков контакт со надворешниот свет, гостите почнуваат да стравуваат дека ова не е одмор. Туку замка.

Секој од нив има тајна. Секој има нешто што го крие. И сега, кога темнината полека се спушта, сите имаат од што да се плашат… а најмногу еден од друг.

Кога дознаваат за исчезнатата група луѓе, еден детектив и еден експерт за спасување мораат да се соочат со бруталните временски услови на планината за да ги најдат. Но дури ни тие двајца не се свесни колку е драгоцена секоја минута. Затоа што стрелката на часовникот врти, а гостите на Форест Шедоу умираат еден по еден. За нив, преживувањето станува морничава игра како од книга на Агата Кристи.

5 на залиха

2 прегледи за Длабоко во темнината

  1. игор

    книгава е врв, интересна и возбудлива.

  2. Слаѓан

    Убав стил на пишување, добро изградени ликови, мистериозна (на моменти вознемирувачка) напната мистерија, психолошка драма, трилер со елементи на авантура – ова е една тензична и мрачна приказна за одмаздата, насилството, грешките од минатото и каењето. Ви ја препорачувам од срце, и верувам дека сите љубители на овој жанр ќе уживаат во оваа страшно брзо читлива книга што долго останува со вас!

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *