Availability: Нема на залиха

Девојката врана

4

420,00 ден

Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји!

На метро станица во центарот на Стокхолм се појавува мртво момче во мумифицирана состојба. Освен што е ѕверски убиено, момчето е кастрирано и се чини дека никој никаде не го бара. Додека полицијата тапка во место, без речиси никакви траги, на разни места во Стокхолм се појавуваат низа убиени момчиња имигранти без документи кои официјално не постојат никаде и никој не ги бара. Инспекторката што ја води истрагата, Жанет Килберг, полека почнува да разоткрива цела мрежа на педофили и трговци со деца и бара помош од психијатар чија специјалност се токму децата и траумите од детството. Некој кој може да ѝ објасни како размислува еден педофил.

Софија Зетерлунд во моментот е фокусирана на двајца пациенти: Самуил Баи, дете-војник со тешки трауми и Викторија Бергман, жена со длабоки, неизлечени рани од детството. Особено ја фасцинира Викторија; таа никогаш во својата кариера нема работено со толку комплициран клиент. Зошто Бергман толку ја презира слабоста и која е нејзината слабост?

Софија Зетерлунд и Жанет Килберг почнуваат да соработуваат и се соочуваат со истото прашање: колку страдање може да поднесе и предизвика човек пред да престане да биде човек и да стане чудовиште?

„Подобро од Стиг Ларсон“.
Andres Wennberg, Gefle Dagblad

button-new

Нема на залиха

Опис

4 прегледи за Девојката врана

  1. Стефани (потврден сопственик)

    Одличен трилер! 😁 Се фрлам да ги читам и другите два дела.

  2. Соња

    5 за целиот трилер генерално !

  3. Александар Николовски

    Најдобриот дел од трилогијата! 4.5/5

  4. Слаѓан Бишковски

    Ѓаволско психолошка книга, полна со неочекувани детали и пресврти, сите делови се многу добри, моментално ги читам и сум воодушевен 😀

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *