Availability: На залиха

Девојката од писмото

6

450,00 ден

Срцепарателно писмо. Заклучена девојка. Нерешена мистерија.

1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува трудна, нејзиното посрамотено семејство ја испраќа во католичкиот манастир Света Маргарита – мрачна, страшна куќа за немажени мајки. Потоа го даваат нејзиното бебе на посвојување против нејзина волја. Иако Ајви треба да излезе оттаму за две до три години, таа никогаш нема да го напушти местото.

Сегашност: Саманта Харпер е новинарка очајна за малку одмор. Кога случајно налетува на писмо од минатото, истото ја шокира и трогнува. Писмото е од млада мајка која моли да ја спасат од Света Маргарита. Пред да биде предоцна.

Сем се навлекува на трагичната приказна и открива многу смртни случаи околу жената и нејзиното дете. Кога дознава дека планираат да ја рушат Света Маргарита, ѝ остануваат неколку дена да ја реши шеесетгодишната мистерија пред вистината да биде изгубена засекогаш. А тоа патем е вистина што никогаш не би можела ни да си ја замисли…

2 на залиха

6 прегледи за Девојката од писмото

  1. Mari Ja

    Одлична книга, многу ми се допадна стилот на пишување на авторката.
    Голема препорака, вреди да се прочита!

  2. Mari Ja

    Одлична книга! Многу ми се допадна стилот на пишување на авторката. Голема препорака.

  3. Александар Николовски

    Солидна мистерија, баш ми се допадна. Препорака за сите љубители на овој жанр, а сакам и друг превод од авторката. 🙂

  4. Слаѓан

    Книгава многу ми се допадна, уште од првите страници ме освои. Преубав детален стил на пишување, комплексна палета од многу ликови кои ќе ви разбудат најразлични чувства. Се чита страшно брзо, приказната е многу заплеткана и мистериозна со интересни пресврти, и случки што го забрзуваат пулсот. Ова е книга што заслужува внимание и навистина долго ќе ја паметам, особено поради тоа што е инспирирана според вистински настани. Емотивна, возбудлива, прекрасна!

  5. mlulkoska

    Просто боли кога ќе помислам дека навистина се случувале такви работи во минатото. Потресна приказна за несреќната судбина на една млада девојка која случајно ја разоткрива новинарка почнувајќи со пронаоѓање на писматакои таа ги напишала. Ја препорачувам.

  6. Стефани (потврден сопственик)

    Ужасно болна и срцепарателна приказна,која ќе ве сруши тотално и ќе ве остави во емотивен хаос!🤯
    Никогаш нема да сфатам како може да постојат такви одвратни личности…
    Книгава е преубава,ја препорачувам! ✔❤

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *