Опис
Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки.
Но оваа девојка не е обична жртва.
И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Детективот Верховен нема ништо важно за да ја води истрагата: нема осомничен, нема трага, а и неговата надеж полека исчезнува. Сè што знаат е дека крупен човек киднапирал девојка на улица во Париз и ја пикнал во бело комбе. Никој не знае кој е киднаперот, никој не знае која е девојката, никој не ја пријавува за исчезната со денови… Енигмата за судбината на Алекс ќе го прогонува Верховен сè до горкиот, ужасен крај.
А нема да помине долго време пред спасувањето на нејзиниот живот да стане негов најмал проблем.
Со освојувањето на престижната награда Dagger за интернационален трилер, судиите рекоа: „Брилијантен трилер, напната трка помеѓу неколку паралелни приказни кои вџашуваат и шокираат кога најпосле се пресретнуваат. Оригинал и напнат крај кој ги надминува очекувањата.“








Тамара –
Фасцинирачки… Еден од најдобрите трилери, 10/10. Очекуваме нов превод од Пјер Леметер.
Симона –
Предобра книга, како што тече приказната така и ни се менуваат чувствата и мислите за Алекс. Крајот ме остави без зборови. 10/10
игор –
убава, напната и интересна. кој сака јак и тежок трилер ја препорачувам 10/10👍
saramastoridis –
Чиста 10-ка!
Денис –
Ова е најдобрата книга што ја имам прочитано
sani4jc –
Ме шокираше книгата на крајот!!! Една од подобрите трилер што ги имам читано! 🙂
Стефани –
Шокантен и брутален трилер,еден од моите омилени!🤗💥
Slobodanka –
Triler koj ke ve ostavi so podotvorena usta i ke vi dokaze deka e nevozmozo da gi donesete vistinskite zaklucoci kaj vakvi knigi prerano, nitu mozete da im ja predvidite zavrsnicata.. seto toa preku kup grozotii do samiot kraj.
Emilija –
И после толку време од како ја прочитав сеуште е мојот обилен трилер. За мене ниту една книга пред оваа и после нејзе не може да се спореди. Нема подобро. Да има би и дала 1000000 ѕвезди
Александар Николовски –
Брутален трилер… 4.5/5
Слаѓан Бишковски –
Брилијантен трилер, брутална и шокантна