Опис
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
390,00 ден
Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.
И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба.
Нема на залиха
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
saramastoridis –
Интересна и лесна за читање. 🙂
Стефани –
Убаво,лесно и интересно книгиче,за релакс е супер!🙂
Наташа –
Љубвно-хумористична книга што не те остава на раат, сѐ додека не ја прочитаташ.
Слаѓан Бишковски –
Интересна приказна, полна со хумор и романса 😀 Вреди да се прочита.
bube_987 –
Феноменална книга!
Немојте да се мислите дали да е прочитате оваа книга или не, без двоумење нарачајте си ја книгава и во најбрз можен рок прочитајте ја 😀 оти е супер одлична книга! 🙂
Ана –
Супер!