Издавачката куќа Сакаме Книги е основана во 2010 година, водена од длабока љубов кон пишаниот збор – љубов што и ден-денес ја вложуваме во секоја книга и во секој читател.
Корените и визијата што нè водат напред
Уште пред повеќе од 12 години, најпосветените читатели се здружија околу една интернет-адреса која им понуди врвна литература, квалитетни преводи и исклучителни понуди.
Од еден единствен линк се вкотвија корените на масовното промовирање на читањето во Македонија. Се создадоа „хардкор“ читатели, се оформија книжевни групи на Фејсбук, се појавија издавачки иницијативи и книжевни блогови.
www.sakamknigi.mk – местото каде што љубовта кон книгата прераснува во бренд и притоа функционира како централен портал за љубителите на литературата, обединувајќи речиси 100.000 читатели на едно место.
Ние не печатиме книги.
Ние градиме моменти на среќа.
Нашата стратешка цел и јасна визија отсекогаш биле да им ги доближиме најголемите светски литературни хитови на македонските читатели, да ја донесеме најубавата светска литература на мајчин јазик, со врвни преводи и со континуирано усогласување со глобалните издавачки стандарди и трендови.
Бевме – и ќе останеме – еден од најпосветените промотори на читањето во земјава, затоа што ние не само што работиме со книги: ние живееме за книгите.
"Растевме заедно со вас
со сериозност, креативност, посветеност и вистинска пожртвуваност."
Денес, на нашите полици и во десетици илјади домови ширум државата се наоѓаат повеќе од 350 изданија.
Управуваме со три книжарници, работиме со 55 соработници низ целата земја, а нашиот тим го сочинуваат 15 редовно вработени и уште 15 хонорарни професионалци кои неуморно работат на реализирање на сите наши – и ваши – книжевни очекувања и фантазии.
Домот каде што растат читатели
Книжарница Центар
Биста на Васил Главинов, 17
Скопје, Република Северна Македонија
02 312 2708
Работно време
Open: 8:00AM – Close: 18:00PM
Saturday – Sunday: Close
Капитол Мол
Капитол мол, прв кат (веднаш до дрогерија ДМ)
Скопје, Република Северна Македонија
02 246 3809
Работно време
Open: 8:00AM – Close: 18:00PM
Saturday – Sunday: Close
Лептокарија
Трговски центар Лептокарија (наспроти Ревија)
Скопје, Република Северна Македонија
02 307 4756
Работно време
Open: 8:00AM – Close: 18:00PM
Saturday – Sunday: Close