Подигнете ја вашата компанија на следно ниво.
Инвестирајте во луѓето - најважниот капитал на вашата компанија.
Замислете компанија каде секој вработен чувствува дека е ценет, инспириран и охрабрен да расте. Замислете деловен простор кој зборува за култура, просперитет и знаење. Замислете подарок што трае, што има душа — и кој вработените навистина ќе го паметат. Со Сакам Книги, сето ова станува реалност. Нудиме специјализирани корпоративни програми за фирми и организации кои сакаат да обезбедат уникатни подароци, корпоративни бенефити, богат избор на литература и пристап до најмоќната програма за лојалност во земјата.
Зошто нашите понуди се непобедливи?
Било да сте мала компанија или голема организација со стотици вработени – имаме решение што додава вредност, престиж и долгорочна мотивација.
- Подароци за вработени за Нова година, 8 Март, родендени и јубилеи
- Целосно опремени библиотеки во деловни простории
- Бизнис литература за развој на вработените
- Ексклузивни клуб картички со врвни бенефити и програма за лојалност
- Понуди за големи набавки со најдобри комерцијални услови
Нема ништо што мотивира повеќе од компанија која инвестира во знаење — и изборот на книги е најсилната инвестиција во човечки капитал.
Најмоќната програма за лојалност за вашите вработени
Sakamknigi.mk е најголемата онлајн книжарница со целосно интегрирана програма за лојалност во земјата. Со нашите корпоративни клуб картички, вашите вработени добиваат пристап до бенефити што навистина значат:
- Постојан попуст на сите наши изданија
- Попусти на над 8.000 книги од сите други издавачи – во книжарниците и онлајн
- Собирање поени со секое купување (1 поен = 1 денар)
- Можност за користење поени во било која наша книжарница или онлајн
- Ексклузивни понуди и сезонски попусти до 60%
Ова не е само бенефит — ова е нов корпоративен стандард.
Растевме заедно со вас
со сериозност, креативност, посветеност и вистинска пожртвуваност





