Вај Киленд е американска бестселер-авторка на современи романси, родена и израсната во Њујорк. Пред целосно да се посвети на пишувањето, работела како адвокат. Нејзините романи се преведени на повеќе јазици и се редовно на листите на најпродавани книги, а препознатлива е по динамичен стил, силна хемија меѓу ликовите и комбинација од страст, хумор и емоција.