Рокси Нафуси е британска авторка, коуч за личен развој и мотивациски говорник. Најпозната е по бестселерот Манифестирај: 7 чекори до живот од соништата, со кој стекна меѓународна популарност во областа на самопомошта и менталното здрајве.
По период исполнет со лични предизвици, таа го трансформира својот живот и ја изгради кариерата како експерт за манифестација и самодоверба. Нејзиниот стил е практичен и инспиративен, со јасни насоки и реални примери, насочен кон охрабрување на луѓето да преземат одговорност за сопствениот раст и среќа.