Паулина Сајмонс е руско-американска романсиерка и најпродавана авторка, родена во Ленинград (СССР) во 1963 година. На десетгодишна возраст се преселила во САД со семејството. Студирала политички науки на University of Kansas, а пред целосно да ѝ се посвети на книжевноста работела како финансиски новинар и преведувач.
Најпозната е по епската историско-љубовна трилогија „Бронзениот коњаник“, сместена во времето на Втората светска војна, која ѝ донесе светска популарност и милиони читатели ширум светот. Нејзините романи се преведени на повеќе јазици и редовно се наоѓаат на листите на бестселери.