Колин Хувер

Колин Хувер

Колин Хувер е американска бестселер авторка на современи љубовни романи и психолошки драми, родена во 1979 година во Тексас. Својата писателска кариера ја започнала во 2012 година со романот Само пријатели, кој првично бил само-публикуван, но по огромниот успех брзо станал бестселер.

Светска популарност стекна со романите Ова завршува со нас, Сурова љубов, Верити, 9 Ноември, Споменот на него и други наслови што со години се наоѓаат на врвот на листите на најпродавани книги. Нејзините дела се преведени на десетици јазици и продадени во милиони примероци ширум светот, а таа е редовен автор на листата на New York Times бестселери.

Хувер е позната по својот емотивен и интензивен стил на пишување, силно изградени ликови и приказни што обработуваат комплексни теми како траума, семејно насилство, загуба, простување и втора шанса. Нејзините книги доживеаја нов бран на популарност благодарение на заедницата BookTok на TikTok, каде читателите масовно ги споделуваат своите реакции и препораки.

Листа на изданија напишани од Колин Хувер