Џулија Квин е американска писателка, родена на 12 јули 1970 година во САД. Таа е најпозната по своите историски љубовни романи, особено по серијалот Бриџертон, кој ѝ донесе светска популарност.
Според овој книжевен серијал е снимена и една од најпопуларните серии на Нетфликс – Бриџертон – која сè уште се снима и ужива голема гледаност ширум светот.
Квин има објавено повеќе од дваесет романи и е добитничка на награди од Romance Writers of America. Нејзините книги се препознатливи по духовитите дијалози, шармантните ликови и романтичните заплети.