
Потребни квалификации и вештини:
- Познавање на книжевнотo портфолио на Сакам книги
- Работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање на работа со Microsoft Excel
- Познавање на работа со социјални мрежи (Facebook, Instagram)
- Основно познавање на материјално и финансиско работење
Задачи и одговорности:
- Продажба во книжарница во трговски центар, што подразбира подготвеност за работа во работното време на истиот трговски центар.
- Административна работа (креирање и евиденција на фактури и други материјални документи како и дневно/неделно евидентирање на готовинските уплати. Правење нарачки и извештаи за книжарницата итн.)
- Комуникација со соработници и читатели/купувачи
- Дополнителни задачи по барање на претпоставен менаџер
Личен профил:
- Одлични комуникациски способности и професионален однос
- Одговорна, лојална, љубезна личност и тимски играч
- Подготвеност за работа во смени
- Позитивен и проактивен пристап кон работата
- Предност ќе имаат креативни лица со искуство во продажба или издаваштво кои ќе можат да придонесат со нови идеи за унапредување на продажбата и целокупната работа
Избраниот кандидат ќе биде комплетно обучен да ракува со нашиот систем за продажба, како и темелно обучен за сите останати задачи кои ќе му бидат препуштени.
Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме и мотивационо писмо на contact@sakamknigi.mk. Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. Огласот е отворен до 19.03.2021.
