Availability: Нема на залиха

Знаеш ли да чуваш тајна?

5

420,00 ден

Запознајте се со Ема Кориган, млада жена со огромно срце, нескротлив дух и неколку мааали тајнички. Тајни што ги крие од нејзиниот дечко (како на пример тоа дека нема баш 52 килограми), тајни што ги крие од нејзината мајка (како на пример тоа кога и каде ја изгубила невиноста). Тајни што не би ги споделила со никој на светот, како на пример тоа дека истура кафе во цвеќето на злобната колешка на работа секогаш кога ја вади од такт. Сè додека не се најде во опасна ситуација за време на еден лет, па мислејќи дека авионот ќе се урне, во паника му се исповеда за сè по ред на непознатиот тип до неа.

Но само неколку дена подоцна, се покажува дека тој не е толку непознат. Впрочем, Џек Харпер е милионерот кој ја поседува компанијата каде што работи Ема – значи, нејзин директор. И тој сега го знае секој најмал понижувачки детаљ за неа…

„Ова е книгата која ми ја откри Софи Кинсела и никогаш нема да можам доволно да се заблагодарам. Откако ја открив, се заљубив и тргнав од книжарница во книжарница да барам повеќе книги од Софи. Едноставно ми требаше уште, уште и уште“.

button-new

Нема на залиха

Опис

Ова е книгата која ми ја откри Софи Кинсела и никогаш нема да можам доволно да се заблагодарам. Откако ја открив, се заљубив и тргнав од книжара во книжара низ Скопје да барам повеќе книги од Софи. Едноставно ми требаше уште, уште и уште.

Лесен, разбирлив стил кој ќе те натера да помислиш дека разговараш со ликовите од книгата. Те тера да се смееш на цел глас додека читаш сам во соба. Ја фаќаш книгата и не можеш да се одвоиш од неа, ни за јадење, ни за пиење, ни за одење во wc. Како да гледаш некоја романтична комедија што трае и трае.

Не знаеш дали повеќе го сакаш главниот лик или писателката или пак тие две личности можеби се една…

Главниот женски лик во оваа книга е толку уникатен, толку весел, толку позитивен што едноставно нема да можете да речете дека не сте ја засакале после ови 300 – 400 страници.

Таа во напад на паника, мислејќи дека ќе се сруши авионот, на тотален странец кој седи до неа му ги кажува своите „најмрачни тајни“. Не, тоа не се страшни големи тајни поради кои некој може да ве мрази или да одите во затвор. Тоа се мали, смешни тајни кои немаат никакво значење за никого освен за неа. Откако ситуацијата со авионот завршува во најдобар ред, таа е засрамена, но од друга страна се теши дека сепак не е толку страшно бидејќи човекот кој седеше до неа нема никогаш повеќе да го види.

Сè додека неколку недели подоцна таа не го запознае својот нов шеф… кој сега случајно знае дека таа истура кафе во цвеќето на нејзината колешка која не може да ја поднесе, дека го лаже своето момче за бројот на својата облека, т.е вели дека носи неколку броја помала долна облека, дека има соништа кои некогаш ја вклучуваат нејзината најдобра пријателка на малку невообичаен начин . . .

Знаеш само дека кога ќе завршиш со читање ќе тргнеш да бараш повеќе од позитивната дрога на Софи. За секоја девојка што ги сака книгите од овој тип, препорачувам дека ова е книга која едноставно не смеат да ја пропуштат.

5 прегледи за Знаеш ли да чуваш тајна?

  1. Симона

    Слатко се изнасмеав,топла препорака

  2. Изабела

    Книга на која се изнасмеав од срце! Топло ви ги препорачувам нејзините книги, ќе уживате и ќе се смеете! ❤

  3. Сара

    Книгава ви ја препорачувам да ја прочитате после некој напнат трилер. Баш е за опуштање и смеење. Оваа ми е прва книга прочитана од Софи, и дефинитивно ќе ги прочитам и другите две книги. 🙂

  4. Стефани

    Значи се пресмеав,толку интересна приказна немам прочитано одамна!🤣😇 За мене оваа е најдобрата книга од Софи,иако и другите две ми се допаднаа.
    Секој кој што сака да си се насмее искрено и од срце,му ја препорачувам оваа книга!😍

  5. Елена

    Многу добра книга

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *