Availability: Нема на залиха

Најслаткото нешто #2

1
Купи и заработи : 5поени

Original price was: 390,00 ден.Current price is: 273,00 ден.

СЕРИЈАЛ СРЕЌНО КРАЈБРЕЖЈЕ #2

Тара има илјада добри причини за да не се врати во Среќно Крајбрежје, Вашингтон. Но кога животот ѝ се руши до темел, веќе го нема тој луксуз да бира, па гледа само да побегне од нејзините неисполнети соништа и нејзиниот секси бивши сопруг. Додека Тара им помага на нејзините две сестри да го разработат наследеното хотелче на плажа, конечно добива шанса да ги стави работите под контрола и да смисли нов план за својот живот.

Но и покрај мирната, пријатна атмосфера во крајбрежното гратче, Тара не може да најде мир, бидејќи бегајќи од сегашноста, тука се судира со минатото што го има оставено зад себе. Односно со еден морнар со зелени очи кој ја потсетува на најголемата грешка во нејзиниот живот. За работата да стане уште покомплицирана, нејзиниот бивши маж сега сфаќа дека не смее да ја остави да му се лизне низ прсти, па доаѓа да се бори за неа.

Тара е принудена конечно да реши што сака и, ако има среќа, можеби ќе го најде сè она што го бара токму тука, во малото Среќно Крајбрежје.

button-new

Нема на залиха

Опис

Проверете подоцна.

1 преглед за Најслаткото нешто #2

  1. Мери

    Не знам зошто не очекував многу од овој серијал, ама пријатно бев изненадена.
    Најверојатно затоа што имаше доста хумор, оддамна не сум се смеела така.

    Првиот дел беше доста добар, а овој уште повеќе.
    Очекувам исто и за третиот, посебно бидејќи е за Клои, која што беше вклучена во речиси сите кажани шеги.

    П.С: Делот ‘драма’ во питата за содржина на оваа книга, може слободно да го заменете со ‘хумор’ 🙂

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *