Availability: На залиха

Капињера

2

370,00 ден

Вистинска животна приказна. Драматична, потресна, вечна.

Таа има шеснаесет години. Се вика Луна, најубавата Еврејка во градот. Такец има осумнаесет години. Но љубов за цел живот, за навек.
Двајца млади се засакуваат, лудо, искрено… вечно. Но што со предрасудите, различностите? Исконски нож кој отсекогаш ги сечел ваквите врски, посилен дури и од најсилната љубов. И што кога бесмисленоста на војната алчно ќе ги проголта невините, недолжните? Ќе остане празнина, молк, тага, болка.

Такец и во својата деведесет и трета година од животот безмерно ќе тагува по љубената Луна. Но ниеден јунак од оваа сага не е повеќе жив.
Само авторот на романот, единствениот жив сведок за страдањата на својот татко Такец, ќе му го подари на човештвото, татковото претсмртно завештание како аманет со порака дека единствено љубовта останува вечна… исто како уметноста. А Луна и малечката Сара чии животи прерано се стопија во гасните комори на Треблинка и од оној свет порачуваат:
Лудилото на војната никогаш да не се повтори…

2 прегледи за Капињера

  1. Марија Јовановска

    Замижи и слушај го ехото на времето на мостот на Драгор.

    По течението на реката Драгор се слушаат воздишки, зборови, се чувстуваат отчукувањата на срцата на тие кои љубеле.
    Дрвеното мовче кај Ат пазар се смешка чувајќи несебично тајна за невина љубов. Една од многуте.
    Срцето на градот на конзулите се гордее со духот на овие млади љубовници. Луна Арoести и нејзиниот Такец. Нашиот Такец. Колку може човек да преживее кога е заробеник во канџите на самосоздадената сопствена вина, како? Каде оди болката?
    Дали љубовта вистински победува?
    Проценете сами.

  2. Марија

    Замижи и слушај го ехото на времето на мостот на Драгор.

    По течението на реката Драгор се слушаат воздишки, зборови, се чувстуваат отчукувањата на срцата на тие кои љубеле.
    Дрвеното мовче кај Ат пазар се смешка чувајќи несебично тајна за невина љубов. Една од многуте.
    Срцето на градот на конзулите се гордее со духот на овие млади љубовници. Луна Арисоти и нејзиниот Такец. Нашиот Такец. Колку може човек да преживее кога е заробеник во канџите на самосоздадената сопствена вина, како? Каде оди болката?
    Дали љубовта вистински победува?
    Проценете сами.

Додај преглед

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *