Бараме книгољубец експерт за социјални медиуми, кој ќе ги води нашите профили на социјалните мрежи, како отсекогаш да бил дел од нашиот тим: со познавање на нашите дела, со срце и душа, со љубов и трпение за нашите читатели и купувачи.
Потребни квалификации и вештини:
- Познавање на социјални медиуми (Facebook, Twitter и Instagram). Следење на новитети, нови трендови и промени на наведените платформи.
- Познавање на нашите изданија, нашите автори и општо работата на Сакам Книги.
- Креативна личност, со професионален однос и желба за работа од дома.
- Одлично изразување и пишување македонски/англиски (правописно, литературно, љубезно) и copywriting вештини: способност да се осмислат интересни фрази и прашања за интеракција на читателите, да се организираат наградни игри, да се водат анкети и сл.
- Барем основно познавање на Photoshop или друг програм за уредување фотографии.
- Чувство за естетика, особено при бирање фотографии за објавување и водење на Инстаграм профил.
- Искуство на иста или слична позиција.
Задачи и одговорности:
- Објавување новитети, фотографии, прашања за читатели, известувања и сл.
- Комуникација со читателите.
- Организирање/објавување наградни игри (giveaways).
- Пишување PR текстови за нови книги.
- Преземање извештаи/аналитики од Фб.
- Водење кампањи со платени pay per click реклами по потреба.
- Смислување нови идеи за промоција.
Тип на позиција: хонорарна (договор на дело, работа од дома)
Доколку сметате дека ги исполнувате барањата и сакате да станете дел од тимот на Сакам Книги, испратете ваше CV на contact@sakamknigi.mk и кажете ни зошто би сакале да ја добиете оваа работа, на кој начин би можеле да придонесете за унапредување на нашиот интернет маркетинг и дали имате некои дополнителни идеи кои би можеле да ги имплементирате кога би станале дел од нашиот тим.
